Home

За Нас

Асоцијацијата на менаџери на Македонија е независна деловна организација, основана во декември 2015 година, чија цел е деловно вмрежување, едуцирање, промовирање и застапување на интересите на членовите-менаџери.

Визија

Визија на АММ е прераснување во водечка заедница, која ќе го подигне нивото на компетентноста и квалификациите во менаџментот.

Мисија

Мисија на Асоцијацијата е да стави посебен акцент за создавање обединета, координирана и организирана деловна мрежа на менаџерски организации од земјите во регионот, преку промоција и развој на лидерски и менаџерски вештини и знаења, како и на континуирано вложување во човечки ресурси кои претставуваат основна претпоставка за натамошен општествен и економски препород на регионот.

Стратешки Цели

  • Активно учество во процесите за унапредување на економскиот, работниот и општествениот амбиент

  • Претставување и застапување на интересите на менаџерите-членови во земјата и странство

  • Активно учество во процесите на донесување законски и подзаконски акти кои се однесуваат на положбата и интересите на менаџерите

  • Формирање и јакнење на струкови асоцијации на менаџери во рамки на АММ

  • Едукација на членовите

  • Лиценцирање на менаџерите и едукативни програми

  • Лобирање и организирано влијание врз креаторите на економската политика, со цел унапредување на економската ситуација

  • Воспоставување на професионални стандарди во областа на менаџерската професија и донесување на етички кодекс

  • Претставување на членови и нивните професии, во комуникација и соработка со други организации и институции

  • Создавање и одржување на деловна мрежа со други здруженија и институции во земјата и во странство

  • Активно учество во економскиот и социјалниот дијалог

Членство

Кои се придобивките на членовите?

  • Деловно вмрежување со останатите членови, како и со членовите на европските асоцијации на менаџери и претприемачи
  • Претставување и застапување на интересите на членството во земјата и во странство
  • Лобирање и институционално презентирање на бизнис потребите и проблемите на нашето членство
  • Бесплатно учество на обуки, конференции, работилници и други едукативни настаниориентирани кон професионален раст и развој
  • Бизнис информирање и можности за учество на настани надвор од Македонија
  • Mожност за учество во годишниот избор за најдобар менаџер за 2018 година
  • Можност за учество на конгресите на европски менаџери

Најнов настан

Асоцијацијата на менаџери на Македонија (АММ) за прв пат го носи во Скопје, Дарко Мирковиќ, најдобриот мотивациски говорник за менаџмент на Балканот. Дарко Мирковиќ има фасцинантна биографија, а накратко, на јавноста и е познат како мотивациски говорник, претприемач, консултант и тренер, кој секојдневно ги поттикнува луѓето да направат натпросечни резултати во својата област. Неговото мото секогаш е: „Верувај и направи!“ Обуката, на која предавач ќе биде Дарко Мриковиќ, е бесплатна за членовите на Асоцијација на менаџери на Македонија, додека пак за останатите кои не се членови на АММ, котизацијата за учество на овој настан изнесува 3 000 денари. Обуката "Личен став и лидерство" ќе се одржи на 12.02.2018 година, во Хотел Арка, со почеток во 18:30 часот.

За да станете член на АММ потребно е да платите членарина и да пополните пристапница.

Пристапницата може да ја симнете тука.

За повеке информации

info@amm.com.mk

Контакт